Tuesday, November 27, 2012

Сте слушнале ли за 'Конглиш'?

Една од најинтересните работи кои може да се сретнат во Кореја...па и во било која друга земја во светот, е погрешната употреба на англиски. 

Конглиш е термин кој се однесува на погрешната употреба на англиските зборови во корејски контекст. Но во последно време овој термин покрај зборовите, ги опфаќа погрешно структурираните речници 'измоделирани' на корејски начин. Готовиот производ од оваа мешавина на двата јазика се низа од интересни реченици и изрази кои целосно ја изгубиле својата смисла. Како резултат на тоа, странците во Кореја (и во околните азиски земји) постојано ги ловат овие 'симпатични' грешки.

Sunday, November 25, 2012

Каде, како, колку, каква е Јужна Кореја?

Каде се наоѓа?

Корејскиот полуостров е сместен во североисточниот дел на Азискиот континент. Само од една страна го допира копното каде се граничи со Кина и Русија. Долж границите течат две реки: Амнокканг (압록강) , позната како реката Јалу на кинески, и Туманганг (두만강) или реката Тумен на кинески. Последните 16 километри од Туманганг ја формираат границата со Русија. На исток се протега така наречениот „Korea Strait“ кој ги одвојува Кореја и Јапонија.  



Тука е! ^^

Tuesday, November 20, 2012

Палатата Gyeongbokgung (경복궁)

Во срцето на Сеул, затскриен со планините Bugaksan и Namsan, опкружен со модерни облакодери се наоѓа споменик кој суптилно говори за своето патување низ историјата. Палатата Gyeongbokgung, сега веќе туристичка атракција, била мета на историските турбуленции кои поминале низ оваа област. Но сè уште блеска во полна убавина раскажувајќи ја својата приказна на љубопитните туристи и случајните минувачи.