Saturday, September 29, 2012

Chuseok ~ “Корејскиот ден на благодарноста“

Chuseok (추석) е еден од трите најбитни празници во Кореа заедно со Seollal ( Нова година ) и Dano ( петтиот ден од петтиот месец според лунарниот календар). Тој исто така е познат и под името Hangawi (한가위). Chuseok низ историјата бил денот кога земјоделците се заблагодарувале за годишната жетва, и го споделувале своето изобилие со семејството и пријателите. 

Chuseok се празнува на петнаесеттиот ден од осмиот месец според лунарниот календар. Оваа година празникот паѓа на 30 Септември и се празнува 3 дена, од 29 Септември до 1 Октомври. Овие денови луѓето ги користат да ги посетат своите родни места или пак да отидат на кратко патување.

Saturday, September 22, 2012

Убавината на корејските ресторанчиња~

Доколку сакате да го почувствувате духот на корејската традиција пренесен преку храната ви препорачувам, доколку имате можност, да ги посетите малите локални корејски ресторанчиња. Во секој дел од градот може да наидете на мали симпатични места кои однавор ќе ви изгледаат можеби и малку застарено. Но во нив, можете да го почувствувате мирисот на зачините и состојките кои се приготвуваат речиси пред вас. Како и во повеќето азиски земји така и во Кореја, во традиционалните ресторанчиња можете да седите на подот. Јас бев фасцинирана од посетеноста на овие мали места во секој период од денот. Луѓето наминуваа сами или со своите пријатели споделувајќи ја храната. Корејците сакаат да ја делат храната со другите, затоа често ќе наидете на ресторани во кои главното јадење е на средината на масата и сите јадат од него. Ваквиот начин на јадење прави да се чувствувате поблиску до луѓето со кои ја споделувате храната. 


Wednesday, September 19, 2012

Што е Халју (Hallyu)?


Станува збор за еден интересен феномен кој се започнал во деведесетите. Имено, во овие години дошло до неверојатен подем на jужно корејската забавна индустрија и култура во останатите азиски земји. Ширењето на корејските драми и музика автоматски довело до ширење на самата култура. Халју е термин воведен од еден новинар од Пекинг кој бил фасциниран од овој феномен. Денеска, Халју или корејскиот бран се шири со огромна брзина насекаде во светот благодарение на корејската забавна идустрија. Се формираат фан клубови на корејските музичари, се одржуваат огромни концерти, популарноста на корејските драми и филмови се повеќе се зголемува низ целата планета. Ова издигнување на корејската забавна идустрија доведува до поголем интерес за Кореја, корејската култура и потпомага на економијата и политиката во самата земја. А корејците, топло ги поздравуваат сите странци кои се заинтересирани за нивната култура.  Интересно зар не? ^^*

* Патем, во последно време често се зборува за PSY кој исто така има свој придонес во корејскиот бран.....Gangnam Style ... звучи познато? ~.^

За блогот

Здраво!


Ви благодарам што најдовте време да го посетите мојот прв блог!^^*

Навистина посакувам да знаев како да почнам... Веќе подолго време се фрустрирам од мислењето на луѓето за Азија. Не секој, но повеќето воопшто не знаат ништо за разновидноста на азиската култура, различните јазици и земји. Сметам дека тоа произлегува од недоволниот проток на информации. Изгледа како медиумите да се фокусираат на Америка и Европа запоставувајќи ги другите континенти кои се подеднакво интересни. Па така, се решив да создадам место каде што ќе зборувам за мојата страст, Азија, при тоа обезбедувајќи информации на македонски за секој што е заинтересиран да открие нешто повеќе за овие егзотични култури. Но, бидејќи  запознавањето со секоја азиска земја поединечно бара многу време, се решив (засега) да се фокусирам на Јужна Кореа. И би помислиле: Зошто баш Јужна Кореа?.....Затоа што покрај безброј прочитаните статии за Кореа, изгледаните видеа и изучувањето на корејскот јазик...лично имав можност да го почувствувам духот на оваа земја. При мојот престој таму осознав многу работи кои пред тоа не ми беа многу јасни :) и оформив свои мислења и ставови во врска со корејското секојдневие. И така си давам за право да ги споделам моите искуства со вас!:)) Сакам да зборувам за корејската историја, храната, музиката, празници, секојдневните случувања...и се надевам...навистина се надевам дека ќе успеам да ги проширам вашите хоризонти и дека ќе ве мотивирам да погледнете кон еден сосема поинаков свет!^^