Sunday, January 27, 2013

Каква храна може да купите на улиците во Кореја? #1

Би биле изненадени од разновидноста на храната што можете да ја најдете на улиците во Јужна Кореја. Евтино, вкусно и брзо, така би го класифицирала концептот на корејските „Поџангмача“ (포장마차).

 


„Поџангмача“ се тезги со храна распространети насекаде по улиците. Некои од нив се на тркала, некои статични. Има и покриени и откриени тезги. Некои работат преку ден други пак доцна навечер. Но сите од нив се снабдени со разновидна храна а некои од нив и со алхохолни пијалаци. Често можете да сретнете луѓе кои стоејќи јадат на овие штандови или пак седат на пластични столчиња пиејќи алхохол и јадејќи анџу (храна што се консумира заедно со алхохол...мезе). Оние пак кои немаат време за седење си ја носат храната дома. 

Wednesday, January 2, 2013

Првичнот впечаток за Македонија на еден кореец

Често се сретнувам со прашањето „ Што мислат корејците за Македонија?“ и често не знам како да одговорам. Реално, многу мал број на корејци знаат каде се наоѓа Македонија, некои никогаш не слушнале за неа, некои  наишле на името во филмови итн. Значи, во глобала, корејците знаат за нас толку колку што знаеме и ние за нив...малку!  

Но, неодамна имав можност да се запознаам со еден кореец кој патува низ Европа. Случајно слушнал за Македонија од студенти кои отишле да полагаат тест по јапонски во Софија. На нивно инсистирање ја посети и нашата земја. Го замолив да напише нешто за неговиот првичен впечаток за Македонија и македонците. Со задоволство прифати и на својот блог го напиша следново: