Повеќето од овие ресторанчиња се специализирани за неколку видови јадење. На пример има места кои прават само риба и две-три други јадења. Исто така има и ресторанчиња кои се специализирани за месо. Во овие места на средината на секоја маса има поставено скара каде гостите сами си го приготвуваат јадењето.
Во Кореа, поставеноста на масата е поинаква. Во еден целосн оброк не добивате прво салата, потоа супа па главното јадење....туку, го добивате главното јадење, супа, ориз и мали чинивчиња со кимчи, зеленчук, ролат од јајца, сушена морска трева.....итн. Овие мали чинивчиња се нарекуваат banchan и се неизбежен следбеник на секое јадење.^^ Нивниот состав зависи од ресторанот или главното јадење.
Не можам соодветно да ги пренесам импресиите од овие мали места исполнети со мирисот и вкусот на корејската традиција. Но се надевам дека ќе имате можност да ја почувствувате топлината на корејската гостопримливост. ^^*
P.s Доколку уште се прашувате како успеваат да го консумираат оризот со стапчиња...време е да дознаете дека оризот, всушност, се јаде со лажица.
No comments:
Post a Comment