Showing posts with label Храна. Show all posts
Showing posts with label Храна. Show all posts

Sunday, January 27, 2013

Каква храна може да купите на улиците во Кореја? #1

Би биле изненадени од разновидноста на храната што можете да ја најдете на улиците во Јужна Кореја. Евтино, вкусно и брзо, така би го класифицирала концептот на корејските „Поџангмача“ (포장마차).

 


„Поџангмача“ се тезги со храна распространети насекаде по улиците. Некои од нив се на тркала, некои статични. Има и покриени и откриени тезги. Некои работат преку ден други пак доцна навечер. Но сите од нив се снабдени со разновидна храна а некои од нив и со алхохолни пијалаци. Често можете да сретнете луѓе кои стоејќи јадат на овие штандови или пак седат на пластични столчиња пиејќи алхохол и јадејќи анџу (храна што се консумира заедно со алхохол...мезе). Оние пак кои немаат време за седење си ја носат храната дома. 

Saturday, September 22, 2012

Убавината на корејските ресторанчиња~

Доколку сакате да го почувствувате духот на корејската традиција пренесен преку храната ви препорачувам, доколку имате можност, да ги посетите малите локални корејски ресторанчиња. Во секој дел од градот може да наидете на мали симпатични места кои однавор ќе ви изгледаат можеби и малку застарено. Но во нив, можете да го почувствувате мирисот на зачините и состојките кои се приготвуваат речиси пред вас. Како и во повеќето азиски земји така и во Кореја, во традиционалните ресторанчиња можете да седите на подот. Јас бев фасцинирана од посетеноста на овие мали места во секој период од денот. Луѓето наминуваа сами или со своите пријатели споделувајќи ја храната. Корејците сакаат да ја делат храната со другите, затоа често ќе наидете на ресторани во кои главното јадење е на средината на масата и сите јадат од него. Ваквиот начин на јадење прави да се чувствувате поблиску до луѓето со кои ја споделувате храната.