„Поџангмача“ се тезги со храна распространети насекаде по улиците. Некои од нив се на тркала, некои статични. Има и покриени и откриени тезги. Некои работат преку ден други пак доцна навечер. Но сите од нив се снабдени со разновидна храна а некои од нив и со алхохолни пијалаци. Често можете да сретнете луѓе кои стоејќи јадат на овие штандови или пак седат на пластични столчиња пиејќи алхохол и јадејќи анџу (храна што се консумира заедно со алхохол...мезе). Оние пак кои немаат време за седење си ја носат храната дома.
Интересни информации за Јужно Корејското секојдневие, храна, музика, фимови, култура....^^*
Showing posts with label Сеул. Show all posts
Showing posts with label Сеул. Show all posts
Sunday, January 27, 2013
Каква храна може да купите на улиците во Кореја? #1
Би биле изненадени од разновидноста на храната што можете да ја најдете на улиците во Јужна Кореја. Евтино, вкусно и брзо, така би го класифицирала концептот на корејските „Поџангмача“ (포장마차).
„Поџангмача“ се тезги со храна распространети насекаде по улиците. Некои од нив се на тркала, некои статични. Има и покриени и откриени тезги. Некои работат преку ден други пак доцна навечер. Но сите од нив се снабдени со разновидна храна а некои од нив и со алхохолни пијалаци. Често можете да сретнете луѓе кои стоејќи јадат на овие штандови или пак седат на пластични столчиња пиејќи алхохол и јадејќи анџу (храна што се консумира заедно со алхохол...мезе). Оние пак кои немаат време за седење си ја носат храната дома.
„Поџангмача“ се тезги со храна распространети насекаде по улиците. Некои од нив се на тркала, некои статични. Има и покриени и откриени тезги. Некои работат преку ден други пак доцна навечер. Но сите од нив се снабдени со разновидна храна а некои од нив и со алхохолни пијалаци. Често можете да сретнете луѓе кои стоејќи јадат на овие штандови или пак седат на пластични столчиња пиејќи алхохол и јадејќи анџу (храна што се консумира заедно со алхохол...мезе). Оние пак кои немаат време за седење си ја носат храната дома.
Sunday, December 16, 2012
Сеулската Н кула и љубовните катанчиња
Во самиот центар
на Сеул се издига „планина“ висока околу 262 метри наречена Намсан. На неа
гордо се извишува едно од обележјата на оваа метропола- Сеулската Н кула или
едноставно Сеулската кула. Тоа што ја прави оваа кула толку посебна и вредна за
посета е прекрасниот поглед на буквално целиот град. Навечер ова обсервациско
место е преполно со млади парови и туристи кои опуштено уживаат во магичната
глетка на точките светло од улиците, движењето на светлата од автомобилите и
раѓањето на месечината. Покрај прекрасната глетка, кај Сеулската кула има и многу атракции како „Музејот на плишени
мечиња“, жичарата, рестораните и кафулињата, видиковецот на врвот на кулата
итн.
Sunday, December 2, 2012
Мистичната магија на корејските кофишоп местенца
Сте посакале ли
некогаш да отидете на мирно местенце налик на дома, каде пиејќи го вашето
омилено кафе опуштено ќе си разговарате со пријателите? Или пак, да отидете во
една прекрасно креативно уредена просторија каде јадејќи капкејк и пиејќи Американо
сконцентрирано ќе се припремате за наредниот испит? Токму тоа, и многу повеќе
може да го понудат корејските кофишоп местенца. Голем избор на кафиња кои ќе ве
стоплат во зима и разладат во лето, сендвичи и слатки кои задолжително се
споделуваат со пријателите, и прекрасна атмосфера во која би посакале да го
поминете целиот ден.
Labels:
Јужна Кореја,
Кафе,
Кореја,
Кофишоп,
Секојдневие,
Сеул
Tuesday, November 20, 2012
Палатата Gyeongbokgung (경복궁)
Во срцето на Сеул, затскриен со планините Bugaksan и Namsan, опкружен со модерни облакодери се наоѓа споменик кој суптилно говори за своето патување низ историјата. Палатата Gyeongbokgung, сега веќе туристичка атракција, била мета на историските турбуленции кои поминале низ оваа област. Но сè уште блеска во полна убавина раскажувајќи ја својата приказна на љубопитните туристи и случајните минувачи.
Subscribe to:
Posts (Atom)

