Во самиот центар
на Сеул се издига „планина“ висока околу 262 метри наречена Намсан. На неа
гордо се извишува едно од обележјата на оваа метропола- Сеулската Н кула или
едноставно Сеулската кула. Тоа што ја прави оваа кула толку посебна и вредна за
посета е прекрасниот поглед на буквално целиот град. Навечер ова обсервациско
место е преполно со млади парови и туристи кои опуштено уживаат во магичната
глетка на точките светло од улиците, движењето на светлата од автомобилите и
раѓањето на месечината. Покрај прекрасната глетка, кај Сеулската кула има и многу атракции како „Музејот на плишени
мечиња“, жичарата, рестораните и кафулињата, видиковецот на врвот на кулата
итн.