Излегуваш од водата и почнуваш да чекориш долж ситниот
песок кој ја опкружува. Го пушташ мозокот на пасење и бесцелно гледаш кон
далечините. Комплетно се исклучуваш и пред да се свестиш се удираш во една
бабичка облечена во одело за нуркање. Баба нуркач? Исплашено почнуваш да ја
анализираш. Го гледаш нејзиното старо збрчкано лице опкружено со гума. На
главата носи округла маска направена од стакло без никаква додатна заштита.
Нема боца за дишење. На половината има закачено појас нанижен со камења. Целото
тело и е покриено во црна гума. Ти се насмевнува, ја зема големата зелена мрежа
на која е закачена една портокалова топка, можеби од стиропор и влегува во
студената вода. Што ли видов? Погледот ти шета кон морето и почнуваш да
забележуваш се повеќе портокалови топки кој пловат во далечините на морето.
Интересни информации за Јужно Корејското секојдневие, храна, музика, фимови, култура....^^*
Showing posts with label Патување. Show all posts
Showing posts with label Патување. Show all posts
Monday, August 19, 2013
Авантурите на островот Џеџу! #2
Добредојде назад. Во нашиот паралелен свет сега сме на
островот Џеџу: „Трчаш со огромна насмевка танцуваќи заедно со морето од жолти
ливчиња. Заслепен си од разиграните сини нијанси пред себе. Пред да успееш да
ги зауздаш сопствените емоции веќе заринкуваш со прстите во песокот. Ладната
вода ги скокотка твоите неврони чии импулси возбудено трчаат низ твоето тело.
Чекор по чекор се движиш по бистрото синило набљудувајќи ги своите бледи
стапала. Водата е толку бистра што се чини дека брановите воопшто и не го
допираат песокот на тлото. Уживаш во ветрето и неговата свежина. Брановите ја
распенуваат водата која удира во твоите колена. Наеднаш, твоите нозе потонуваат
во огромна црна сенка која ги обзема сосем ненадејно. Во дел од секунда
почнуваш да скокаш пред да размислиш што навистина се случува. Си проверуваш
дали се е во ред со твоите очи и пред да можеш да се вратиш во нормала црнилото
се претвора во сребро и исчезнува. Ти станува јасно дека тоа било само јато од
илјадници мали рипчиња кои сигурно се исплашиле повеќе од тебе. На површината
на водата испливуваат храбрите мали воини, жртви на твоето немирно
претање. Можеби денес не е вистинскиот ден да се нурнеш во бистрото синило.
Можеби утре!
Sunday, August 18, 2013
Авантурите на островот Џеџу! #1
Замисли: „ Го испи утринското кафе. Фрлаш замаглен поглед
околу себе обидувајќи се да се прилагодиш на новата слика пред твоите очи.
Синоќа беше во урбаната џунгла Сеул а денес, денес веќе си опкружен со нешто
сосем поинакво. Малите куќички, зелените пространства и мирисот на море полека те
обземаат. Не можеш да ја скротиш желбата за истражување, па има толку многу
работи што сакаш да ги дознаеш. Само еден час со авион подалеку од Сеул а веќе
си опкружен со сосем поинаков свет. Добредојде во Џеџу (제주도; Jeju)!
Вооружан со нетрпение го правиш првиот чекор кој те носи 2 милиони години наназад, до создавањето на островот. Пред тебе се протега огромно пространство вода кое немирно танцува вриејќи од жешката маса испратена од неговото тло. Во плитките води избива вулкан. Забрзано прелетуваш низ наредните милион години. Слоеви од лава и пепел се трупаат над немирната вода создавајќи остров. Подзастануваш на точката означена „пред 25 илјади години“, сите вулкани се стивнати. Лутината на земјата се фокусира во една единствена точка која избива создавајќи го најголемиот кратер, планината Хала. Го правиш вториот чекор. Стоиш на едно ридче набљудувајќи го брановитото море од зеленило пред себе. Ридестите конструкции пред тебе и каналите создадени од лава под твоето тло сведочат за насилното создавање на островот. Денес, на него има 360 мали ридчиња од изгаснати вулкани наречени Орум (오름; Oreum) доминирани од една голема конструкција позната како планината Хала.

Subscribe to:
Posts (Atom)