Излегуваш од водата и почнуваш да чекориш долж ситниот
песок кој ја опкружува. Го пушташ мозокот на пасење и бесцелно гледаш кон
далечините. Комплетно се исклучуваш и пред да се свестиш се удираш во една
бабичка облечена во одело за нуркање. Баба нуркач? Исплашено почнуваш да ја
анализираш. Го гледаш нејзиното старо збрчкано лице опкружено со гума. На
главата носи округла маска направена од стакло без никаква додатна заштита.
Нема боца за дишење. На половината има закачено појас нанижен со камења. Целото
тело и е покриено во црна гума. Ти се насмевнува, ја зема големата зелена мрежа
на која е закачена една портокалова топка, можеби од стиропор и влегува во
студената вода. Што ли видов? Погледот ти шета кон морето и почнуваш да
забележуваш се повеќе портокалови топки кој пловат во далечините на морето.
Интересни информации за Јужно Корејското секојдневие, храна, музика, фимови, култура....^^*
Showing posts with label Традиција. Show all posts
Showing posts with label Традиција. Show all posts
Monday, August 19, 2013
Авантурите на островот Џеџу! #2
Добредојде назад. Во нашиот паралелен свет сега сме на
островот Џеџу: „Трчаш со огромна насмевка танцуваќи заедно со морето од жолти
ливчиња. Заслепен си од разиграните сини нијанси пред себе. Пред да успееш да
ги зауздаш сопствените емоции веќе заринкуваш со прстите во песокот. Ладната
вода ги скокотка твоите неврони чии импулси возбудено трчаат низ твоето тело.
Чекор по чекор се движиш по бистрото синило набљудувајќи ги своите бледи
стапала. Водата е толку бистра што се чини дека брановите воопшто и не го
допираат песокот на тлото. Уживаш во ветрето и неговата свежина. Брановите ја
распенуваат водата која удира во твоите колена. Наеднаш, твоите нозе потонуваат
во огромна црна сенка која ги обзема сосем ненадејно. Во дел од секунда
почнуваш да скокаш пред да размислиш што навистина се случува. Си проверуваш
дали се е во ред со твоите очи и пред да можеш да се вратиш во нормала црнилото
се претвора во сребро и исчезнува. Ти станува јасно дека тоа било само јато од
илјадници мали рипчиња кои сигурно се исплашиле повеќе од тебе. На површината
на водата испливуваат храбрите мали воини, жртви на твоето немирно
претање. Можеби денес не е вистинскиот ден да се нурнеш во бистрото синило.
Можеби утре!
Saturday, September 29, 2012
Chuseok ~ “Корејскиот ден на благодарноста“
Chuseok (추석) е еден од трите најбитни празници во Кореа заедно со Seollal ( Нова година ) и Dano ( петтиот ден од петтиот месец според лунарниот календар). Тој исто така е познат и под името Hangawi (한가위). Chuseok низ историјата бил денот кога земјоделците се заблагодарувале за годишната жетва, и го споделувале своето изобилие со семејството и пријателите.
Chuseok се празнува на петнаесеттиот ден од осмиот месец според лунарниот календар. Оваа година празникот паѓа на 30 Септември и се празнува 3 дена, од 29 Септември до 1 Октомври. Овие денови луѓето ги користат да ги посетат своите родни места или пак да отидат на кратко патување.
Subscribe to:
Posts (Atom)