Токму такво е чувството кога ќе бидете дел од „Фестивалот
на лотусовите фенери“. Фестивалот се
одржува секоја година во периодот околу роденденот на Буда кој пак, се
прославува на 8 ден од 4 месец според лунарниот календар. Оваа година
роденденот на Буда се паѓа на 17 Мај, а фестивалот беше одржан од 10 – 12 Мај.
Интересни информации за Јужно Корејското секојдневие, храна, музика, фимови, култура....^^*
Showing posts with label Празник. Show all posts
Showing posts with label Празник. Show all posts
Sunday, May 12, 2013
Фестивал на лотусовите фенери [Lotus Lantern Festival; 연등회 연등축제]
Замисли: „ Погледнуваш
кон улицатa чии улични светилки
штотуку згаснаа.Од кривината на крајот се појавува море од луѓе кои неуморно
носат илјадници фенери над нивните глави. Можеш да ги забележиш и нивните
насмевки срамежливо отцртани со нежната светлина на фенерите. Целата слика потсетува на море во кое е отсликана јарката светлина на ѕвездите. Не успеваш да одолееш
на музиката и звукот на насмевките кои одѕвонуваат во твоите уши. Полека се
препушташ, те обзема магијата и пред да
се свестиш веќе пливаш во морето со сите оние луѓе. И ти стануваш дел од
нивната прослава. Го празнувате роденденот на Буда. “
Saturday, September 29, 2012
Chuseok ~ “Корејскиот ден на благодарноста“
Chuseok (추석) е еден од трите најбитни празници во Кореа заедно со Seollal ( Нова година ) и Dano ( петтиот ден од петтиот месец според лунарниот календар). Тој исто така е познат и под името Hangawi (한가위). Chuseok низ историјата бил денот кога земјоделците се заблагодарувале за годишната жетва, и го споделувале своето изобилие со семејството и пријателите.
Chuseok се празнува на петнаесеттиот ден од осмиот месец според лунарниот календар. Оваа година празникот паѓа на 30 Септември и се празнува 3 дена, од 29 Септември до 1 Октомври. Овие денови луѓето ги користат да ги посетат своите родни места или пак да отидат на кратко патување.
Subscribe to:
Posts (Atom)
