Tuesday, August 27, 2013

Неделна музичка сензација #1 - Led Аpple

„Здраво дечки! Од денеска имам соучесник во претставувањето на корејската култура на македонски. Запознајте ја Марија! Таа ќе ве поведе на патување низ корејската музика. Бидејќи музиката игра огромна улога во запознавањето на некоја култура свратете од време на време и запознајте ја разиграната страна на Kореја! Денеска на менито се поп-рок бендот Led Аpple (레드애플) !

Верувам дека ако не сите,барем дел чуле за Led Zeppelin,англиски рок бенд,формиран во Лондон 1968 година,тогаш јас ќе ве запознаам со еден јужно корејски рок бенд кои користи слично име како нив.

Кажете здраво на Led Аpple (레드애플),поранешно LEDApple - рок бенд кој е под водство на STARKIM Entertainment и прв пат дебутираа 6 октомври 2010 со синглот "Dash".


 = Led Apple - Dash MV=

Текстот на песната преведен на англиски: http://popgasa.com/2011/11/02/led-apple-dash/


Иако Led Аpple на почетокот на нивната кариера,поточно нивното пробивање на сцената, доживеаа поголема промена на членовите, благодарение на нивните таленти,музика и секако фанови успеаа да станат дел од корејската музичка сцена.

Бендот се состои од пет члена:

  • Young Jun (영준) - лидер и главна гитара
  • Han Byul (한별) - главен вокал и придружен рапер
  • Hyo Seok (효석) - бубњеви
  • Kwang Yeon (광연) - бас гитара
  • Kyu Min (규민) - главен рапер и придружен вокал

LED Apple - Time is up MV =


Текстот на песната преведен на англиски: http://popgasa.com/2012/02/02/led-apple-time-is-up/

Најголемо внимание привлекоа со својата хуманитарна акција за децата ширум светот,секако мене ми беше причина уште повеќе да ги сакам и слушам. На нивниот официален youtube канал можете да видите фолдер MUSICNOTE каде има видеа од нивни преработки на песни. Профитот кои го прават од рекламите кои се појавуваат на видеото се донирани на меѓународната организација за заштита на детските права "Спасете ги децата".
Досега имаат издадено три мини албуми и два албуми:
  • Niga Mwonde (мини албум) 2011
  • Run To You (мини албу) 2012
  • Bad Boys (мини албум) 2013
  • Logic Egoism Delete (албум) 2010
  • CODA (албум) 2011
Во 2012 ја добија својата прва награда на 20th Korean Culture Entertainment Awards.Тие победија во категоријата Rookie Award (Idol Division Male),а до сега се имаат појавено и во три корејски драми:

  • Shut Up Flower Boy Band –само Hyo Seok (효석) 
  • To The Beautiful You (епизода 6)
  • Haeundae Lovers
Уживајте во нивниот необичен стил на рок со примеси на поп и рап :)

Led apple - Run to you =

Текстот на песната преведен на англиски:http://popgasa.com/2012/07/04/ledapple-run-to-you-swing/

Марија

No comments:

Post a Comment