Sunday, January 27, 2013

Каква храна може да купите на улиците во Кореја? #1

Би биле изненадени од разновидноста на храната што можете да ја најдете на улиците во Јужна Кореја. Евтино, вкусно и брзо, така би го класифицирала концептот на корејските „Поџангмача“ (포장마차).

 


„Поџангмача“ се тезги со храна распространети насекаде по улиците. Некои од нив се на тркала, некои статични. Има и покриени и откриени тезги. Некои работат преку ден други пак доцна навечер. Но сите од нив се снабдени со разновидна храна а некои од нив и со алхохолни пијалаци. Често можете да сретнете луѓе кои стоејќи јадат на овие штандови или пак седат на пластични столчиња пиејќи алхохол и јадејќи анџу (храна што се консумира заедно со алхохол...мезе). Оние пак кои немаат време за седење си ја носат храната дома. 




Еве ги првите топ 5 јадења што може да ги купите по корејските улици:


1. Токкеби хот дог
 (Tokkebi 도깨비) - но, не онаков како што ние го знаеме. Корејскиот хот дог се продава на стапче. Може да се најде обложен со леб, пржени компирчиња па дури и со рамјон. 



2.Твигим (Twigim 튀김 )
- пржен: зеленчук, манду, гимари (пржени проѕирни нудли замотани во сушена морска трева), сладок компир, варено јајце, тост....зависно од местото што ги продава. Нешто како јапонската темпура.

                           

3.Кимпап (Kimbap 김밥 )
- Ролничка од ориз која во средината има репка, ракче и краставица, замотанa е во сушена морска трева. Има најразлични варијатни големи, мали, со туна, јајца, спанаќ, моркови....и што уште не. Може да се најде во ресторанчиња специјализирани за кимпап каде го прават пред вас, или пак на улиците каде најчесто е во помала верзија. 



4.Токкбокки (Tteokbokki 떡볶이)
- пропржено оризово колаче (rice cake) потопено во сос. Основниот вид на токкбокки се состои од оризови колачиња, оденг ( палачинка од риба), кинеска зелка и сос кој може да биде доста лут. Може да се најде во најразлични вајријанти со: варени јајца, манду, рамјон ( Корејски нудли) и најразлична морска храна и зеленчук. Ова е едно од омилените јадења на корејците.




5.Сунде ( Sundae 순대)
- сварени свински внатрешни органи. Ова е еден вид на крвав колбас наполнет со проѕирни нудли, јачмен и свинска крв. Може да биде направено и од органи од крава или од морска храна. Филот може да содржи и: кимчи, никулци од соја, ориз и други состојки.





Еве и едно итересно видео за како навистина изгледа „Поџангмача“ :





































1 comment: