Wednesday, September 19, 2012

За блогот

Здраво!


Ви благодарам што најдовте време да го посетите мојот прв блог!^^*

Навистина посакувам да знаев како да почнам... Веќе подолго време се фрустрирам од мислењето на луѓето за Азија. Не секој, но повеќето воопшто не знаат ништо за разновидноста на азиската култура, различните јазици и земји. Сметам дека тоа произлегува од недоволниот проток на информации. Изгледа како медиумите да се фокусираат на Америка и Европа запоставувајќи ги другите континенти кои се подеднакво интересни. Па така, се решив да создадам место каде што ќе зборувам за мојата страст, Азија, при тоа обезбедувајќи информации на македонски за секој што е заинтересиран да открие нешто повеќе за овие егзотични култури. Но, бидејќи  запознавањето со секоја азиска земја поединечно бара многу време, се решив (засега) да се фокусирам на Јужна Кореа. И би помислиле: Зошто баш Јужна Кореа?.....Затоа што покрај безброј прочитаните статии за Кореа, изгледаните видеа и изучувањето на корејскот јазик...лично имав можност да го почувствувам духот на оваа земја. При мојот престој таму осознав многу работи кои пред тоа не ми беа многу јасни :) и оформив свои мислења и ставови во врска со корејското секојдневие. И така си давам за право да ги споделам моите искуства со вас!:)) Сакам да зборувам за корејската историја, храната, музиката, празници, секојдневните случувања...и се надевам...навистина се надевам дека ќе успеам да ги проширам вашите хоризонти и дека ќе ве мотивирам да погледнете кон еден сосема поинаков свет!^^


No comments:

Post a Comment