Saturday, September 29, 2012

Chuseok ~ “Корејскиот ден на благодарноста“

Chuseok (추석) е еден од трите најбитни празници во Кореа заедно со Seollal ( Нова година ) и Dano ( петтиот ден од петтиот месец според лунарниот календар). Тој исто така е познат и под името Hangawi (한가위). Chuseok низ историјата бил денот кога земјоделците се заблагодарувале за годишната жетва, и го споделувале своето изобилие со семејството и пријателите. 

Chuseok се празнува на петнаесеттиот ден од осмиот месец според лунарниот календар. Оваа година празникот паѓа на 30 Септември и се празнува 3 дена, од 29 Септември до 1 Октомври. Овие денови луѓето ги користат да ги посетат своите родни места или пак да отидат на кратко патување.


Иако точното потекло на Chuseok не е познато, традицијата може да се примети дури и кај античките религиозни обреди поврзани со месечината. Присуството на сонцето се сметало како рутина, но појавувањето на полната месечина се сметало за значаен настан бидејќи се појавува еднаш месечно. Затоа, жетварските прослави се правеле на денот на светлата,полна месечина т.е 15 Август според лунарниот календар.

       Songpyeon-еден вид Корејско оризово колаче типично за овој празник

Денот на Chuseok започнува Charye ( меморијална служба во чест на предците) каде се принесува Songpyeon (вид на Корејско оризово колаче) и храна подготвена со состојки од годишната жетва. По Charye, фамилиите ги посетуваат гробовите на своите предци и започнуваат со Beolcho, ритуал при кој се расчистуваат тревите кои пораснале кај гробот. По зајдисонце, фамилиите и пријателите излегуваат на прошетка при која се восхитуваат на прекрасната полна месечина или пак играат народни игри.

                           Charye- меморијална служба во чест на предците.

Доколку сакате да дознаете повеќе за овој празик погледнете го видеото: 




No comments:

Post a Comment