Tuesday, November 20, 2012

Палатата Gyeongbokgung (경복궁)

Во срцето на Сеул, затскриен со планините Bugaksan и Namsan, опкружен со модерни облакодери се наоѓа споменик кој суптилно говори за своето патување низ историјата. Палатата Gyeongbokgung, сега веќе туристичка атракција, била мета на историските турбуленции кои поминале низ оваа област. Но сè уште блеска во полна убавина раскажувајќи ја својата приказна на љубопитните туристи и случајните минувачи.







Била изградена околу 1395 година, три години по почетокот на династијата Чосон (1392 -1897). Таа локација се сметала за поволна според традиционалната примена на геомантија. Името Gyeongbokgung всушност означува “Место благословено од рајот“.За време на Чосон династијата, Gyeongbokgung била главната палата со најголема моќ. Но за време на Јапонската окупација (1592–1598) палатата била речиси целосно уништена. Титулата на ‘главна палата’ била дадена на палатата Changdeokgung, при што остатоците од Gyeongbokgung останале целосно напуштени во наредните 270 години.






Во 1897 за време на владеењто на Daewongun, палатата била реконструирана и броела околу 330 градби. Gyeongbokgung повторно блеснала во својот полн сјај симболирајќи ја како корејската нација така и корејското кралско семејство. Но по убиството на императорката Myeongseong , нејзиниот маж императорот Gojong ја напуштил палатата и никогаш повеќе не се вратил назад во неа.




Главната порта


Учесник во церемонијата на смена на чуварите.

Делови од палатата повторно биле уништувани и пресоздавани од историските настани кои се одвивале во околината. Но иако многумина се обиделе да ја уништат, Gyeongbokgung сè уште постои со во својот полн сјај и зборува за една ера силно врежана во корејската историја.



No comments:

Post a Comment