Tuesday, November 27, 2012

Сте слушнале ли за 'Конглиш'?

Една од најинтересните работи кои може да се сретнат во Кореја...па и во било која друга земја во светот, е погрешната употреба на англиски. 

Конглиш е термин кој се однесува на погрешната употреба на англиските зборови во корејски контекст. Но во последно време овој термин покрај зборовите, ги опфаќа погрешно структурираните речници 'измоделирани' на корејски начин. Готовиот производ од оваа мешавина на двата јазика се низа од интересни реченици и изрази кои целосно ја изгубиле својата смисла. Како резултат на тоа, странците во Кореја (и во околните азиски земји) постојано ги ловат овие 'симпатични' грешки.


*Сепак, треба да се напомене дека овој термин може да се однесува и на зборовите позајмени од англискиот јазик кои си ја задржале својата смисла но изговорот претрпел блага измена при прилагодувањето на корејскиот изговор. ( на пример: chocolate -> 초콜릿 chokollit)


Ви ја претставувам мојата скромна колекција на интересни бесмислени грешки :


with coffee 
Happy virus
You are my lady.






 You're tonna get yours.

 Seat available on upstairs.




Drink with a love everyday
Wish a happiness bite.



Hellow!


Сте ја сретнале оваа појава во Македонија? Како би бил терминот за македонски-англиски? 

No comments:

Post a Comment