Sunday, November 25, 2012

Каде, како, колку, каква е Јужна Кореја?

Каде се наоѓа?

Корејскиот полуостров е сместен во североисточниот дел на Азискиот континент. Само од една страна го допира копното каде се граничи со Кина и Русија. Долж границите течат две реки: Амнокканг (압록강) , позната како реката Јалу на кинески, и Туманганг (두만강) или реката Тумен на кинески. Последните 16 километри од Туманганг ја формираат границата со Русија. На исток се протега така наречениот „Korea Strait“ кој ги одвојува Кореја и Јапонија.  



Тука е! ^^


Како е поделена?

Областа на Кореја се протега на 221,607км2 . Во денешно време земјата е поделена на два дела: Република Кореја (Јужна Кореја) и Народна република Кореја (Северна Кореја). Административната област на Јужна Кореја е 99,237 км2 или околу 45 проценти од вкупната површина на корејскиот полуостров.


Зелено-Народна република Кореја ; Жолто- Република Кореја



Историскиот развој во областа и топографската разновидност довеле до различни административни поделби. Од почетокот на династијата Чосон (1392-1897) па се до 1896, Кореја била поделена на 8 административн провинции. 



Во 1896 година овие 8 провинции биле поделени на 13 провинции (до) од кои 8 се наоѓаат на територијата на Јужна Кореја. По 1945 година островот Џеџу станува независна провинција. Главниот град Сеул се смета како „посебен град“ ( кој адмнистративно е на повисоко ниво од провинциите). Има 6 метрополи: Пусан, Тегу, Инчон, Куангџу, Теџон и Улсан. Провинциите понатаму се делат на помали административни области како што се: градови (ши), окрузи (кун), области (гу) итн.  

Колку е населена?

Според информациите од CIA- The world factbook популацијата во Јужна Кореја е 48,860,500 согласно со Јули 2012. Само во Сеул живеат  9.778 милиони луѓе. Иако населенито во Јужна Кореја е претежно хомогено, бројот на странски имигранти се зголемува. Најголем број од имигрантите доаѓаат од Кина и Соединетите Американски Држави.


Каква е климата?


Како кај нас така и во Кореја постојат 4 годишни времиња.Но, таму преовладува влажната,монсунска клима. Па затоа летото, покрај топлото време, се одликува и со монсунски дождови и повремени тајфуни кои носат силни ветрови и поплави. Во поглед на температурата не постои голема разлика помеѓу Македонија и Кореја. Можеби, летото е малку потопло кај нас. ^^




Цветањето на црешовите дрвја го наговестува доаѓањето на пролетта.





No comments:

Post a Comment